Бугајски: Грчка тајна служба сака дестабилизација давајќи му материјали на Заев

Американскиот аналитичар и експерт за Балканот, Јануш Бугајски предупредува дека објавувањето на снимките на Зоран Заев придонесува кон оддалечувањето на Македонија од НАТО.

Експертот на Центарот за европски политички анализи од Вашингтон пишува "Скопје врие од гласини дека грчката тајна служба се обидува да ја дестабилизира Македонија давајќи му на Заев докази за наводни економски манипулации, што доведе до реакцијата на Владата“.

- Со оспорувањето на уставното име на Македонија, Атина упорно оди по неевропска линија и го блокира македонскиот пат кон НАТО и Европската Унија. Изборот на крајно левото движење СИРИЗА во Грција само го зголемува задоволството во Москва и го засилува анти-НАТО и анти-американското расположение во Атина. Како награда, Путин лично го покани премиерот Алексис Ципрас во Москва, пишува Бугајски.

Русија се обидува да ги продлабочи своите врски со про-руската Влада на Алексис Ципрас во Грција, и воедно да продолжи со блокирање на македонскиот прием во НАТО, надевајќи се дека ќе успее и Македонија да ја стави во својата сфера на влијание. Тој додава дека големата нестабилност го поткопува процесот на проширување на Западот. Тоа ќе придонесе за одредени центри да се чувствуваат многу удобно во политичките лавиринти на Балканот, заклучува Бугајски, во анализата објавена од Центарот за европски политички анализи.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега