Хан: За нарушена слобода на медиумите требаат докази, не шпекулации

Позитивното пишување за владата не е доказ за нарушување на слободата на медиумите. Недоволен доказ се и извештаите на разни организации како „Репортери без граници“.

Евркомесарот за проширување, Јоханес Хан ова вчера им го соопштил на новинарите од регионот на редовниот брифинг пред неговата вчерашната и денешна посета на Македонија и Косово, пренесува Сител.

Хан бил дециден дека слободата на медиумите е важен критериум кој треба да се следи, но дека за наводно нјезино нарушување се потребни докази, а не шпекулации.

-Што се однесува за медиумите кои позитивно пишуваат за премиерот, такви има и во други земји, вклучувајчи ги и западноевропските. Тоа не никаков доказ. Ние овде треба да гледаме на стандардите на владеење на законите, така што ако има докази, јас прв ќе реагирам, изјавил во Брисел, еврокомесарот Хан, пренесе Сител.

Тој потенцирал дека не секогаш извештаите на невладините организации, како репортери без граници даваат вистинска слика.

-Треба да се видат фактите. Потребни се многу опипливи докази за да може да се реагира. Тоа се однесува на сите земји од овој регион, изјавил Хан пред новинарите од регионот во Брисел, овјави Сител.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега