Заев во жестока битка со Заев: Изјавите кои сам си ги демантираше

Не се среќавал со Премиерот па се среќавал. Имал материјали од домашни служби, но велел дека се од странски. Не го познавал Верушевски, па се грижел за неговата финансиска состојба и му испраќал писма по курир. Мијалков не е на снимките, па по малку е и сниман.

Зоран Заев од ден во ден води се пожестока битка самиот со себе.

Од стартот на мега аферата „Пуч“ Заев влезе во низа сериозни контрадикторности кои кулминираа на последната прес конференција кога самиот докажа дека Мијалков и Груевски не стојат зад прислушувањата за кои говореше.

Се започна кога тој пред медиумите тврдеше дека воопшто не се среќавал со премиерот Груевски и не се пазарел за бомбата. Потоа излезе видео снимка од кабинетот на премиерот каде Заев уценува и бара техничка влада и ослободување на двајца затвореници како размена за така наречената бомба.

Дента на поднесувањето на кривичната пријава за „Пуч“ Заев излезе со тврдење дека материјалите се од патриоти од домашните служби. Два дена подоцна излезе видео сведоштвото за сосема спротивната теза- Заев на Груевски му вели дека снимките се од странски малку подалечни служби.

На 5ти февруари Заев во изјава за хрватската НОВА ТВ вели дека материјалите се од домашните служби. Следниот ден во јавноста излегува писмото во кое тој на Верушевски му вели „Работата од пријателите од надвор е завршена“.

На 20ти јануари ден по приведувањето на Зоран Верушевски СДСМ излезе со став дека партијата и раководството немале контакти со него.

20 дена подоцна Заев вели дека се среќавале и се сожалил за Верушевски кој неколку месеци не земал плата.

Уште една од тезите кои експресно беа демантирани е тврдењето за следење на 26 илјади граѓани. Ова Заев го изјави на 09ти февруари, а на 10ти поднесе кривична пријава во која како оштетен и жртва на следење се јавува само едно лице- лично Зоран Заев.

Последната прес конференција го даде и финалниот удар во битката Заев против Заев.

Ако тврдеше дека Мијалков не е прислушуван и тоа е доказ дека токму шефот на УБК е нарачател на прислушувањето, тајно снимениот разговор на Мијалков со Муса Џафери од ДУИ го докажа спротивното.

Експертите велат дека граѓаните ја препознаваат контрадикторноста на опозицискиот лидер и со секој ден се помалку му веруваат. Наспроти ваквото однесување, граѓаните очекуваат програма и проекти со кои еден политички лидер би ја освоил нивната доверба.

 

 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега