Латас имал сообраќајна несреќа?!?

Опозицскиот портал Либертас објави дека главниот и одговорен уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас имал сообраќајна несреќа во моментот кога ја слушнал „бомбата на СДСМ во која беше објавен разговор во кој токму тој бил прислушуван. Според Либертас, Латас се наоѓал во Зелениково и кога слушнал што објавиле од СДСМ наводно во паника тргнал кој Скопје. По патот се превртел со својот џип но за среќа минал без повреди. Случката како што вели Либертас им ја раскажале очевидци кои му помагале на Латас.

Уредникот на Сител вели дека станува збор за класична лага која ја покажува нервозата во опозициските медиуми на кои им стана јасно дека „бомбата“ не ги дава посакуваните ефекти.
Латас вели дека за време на викендот воопшто не бил во Зелениково, туку на кошаркарски натпревар во Куманово. Немал никаква сообраќајна несреќа, па оттука, никој немало потреба да му помага. Истворемено потсетува дека истиот ден давал изјава за својата ТВ Сител што е уште еден доказ за тоа дека порталите на опозицијата шират големи невистини.

Латас вели дека за оваа бојава ќе поднесе тужба против порталот Либертас бидјеќи доколку продолжи праксата на овјавување вакви неточни инфорамции, се знае какво влијание можат да имаат тие врз неговите најблиски.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега