Во Струмица почнуваат карневалските празнувања

Во Струмица се е подготвено за  осум дневната карневалска прослава, која ќе започне вечерва со Детскиот маскембал, а ќе заврши на 25-ти февруари со традиционалните тримерски обичаи.

Претседателот на Организациониот одбор на„ Струмичкиот карневал 2015“, Александар Цицимов најави богата карневаска програма.

- Покрај домашните, годинава   имаме и 22 карневалски групи кои ни доаѓаат од Црна Гора, Србија,Хрватска,Словенија,Бугарија и Турција  и со своето учество  ќе ја збогатат интернационалната карневалска вечер на 21 февруари, рече Цицимов.

Според програматана „Струмичкиот карневал 2015“„ утре на 19-ти февруари ќе бидат доделени наградите за најдобрите литературни творби на тема-карневал.

Во НУЦК  „Антон Панов“ ќе биде отворена Изложба на фотографии од карневалот во 2014 година, а во  големата сала,учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ ќе го одржат традиционалниот концерт под маски.

Свеченото отварање на годинашниот карнњвал е на 20-ти февруари,со традиционалниот маскембал,на кој се избират принцот и принцезата на карневалот,а во сабота на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер.

Карневалските празнувања продолжуваат в недела на Прочка  со детскиот карневал. Во понеделник на 23-ти е „чист понеделник“ кога традиционално се вари бел грав. Вечерта, меѓународното жири ги прогласува најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер, а ќе бидат отворена изложбата на карикатури и афоризми на тема карневал.

Во вторник на 24-ти февруари е традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски.

Карневалските празнувања завршуваат во среда со одбележување на тримерските обичаи и посета на домовите на армасаните девојки. 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега