Откупени 23 илјади тони тутун - најголем дел од пелагониско

Откупот на тутунот е при крај, откупени се 23 илјади тони тутун во земјава. За ова информираат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

- Најголемиот дел од откупените количества тутун се од Пелагонискиот дел. Во источниот дел од земјава откупот е речиси завршен. Остануваат уште 2 до 3 илјади тони тутун од договорените количества да ги преземат откупувачите и тие количества се најмногу од Пелагониско. Просечната цена е 118 денари за килограм, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Според Милески откупот може да заврши до крајот на февруари иако законскиот рок е 15 март.

- Што се однесува до исплатата на родот, сите 9 откупувачи ги исплаќаат кооперантите и засега не се регистрирани некои проблеми во текот на откупот. Инаку, просечната откупна цена е поголема во Пелагонискиот дел, додека во Источниот дел од земјава просечната цена  е и под 100 денари за килограм, истакнал Милески, пренесува МИА.

Во текот на откупната кампања, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Земјоделскиот инспекторат најавија дека по откупот на договорените количества ќе се видат можностите за откуп и на вишокот тутун од ланската производствена реколта.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега