Ништо од бомбата: Опозициските медиуми одат на паника

Вистинска катастрофа се случува во медиумскиот опозициски блок откако стана јасно дека „бомбите“ на Заев не го даваат посакуваниот ефект. Лаги, манипулации и клевети е се што може да се прочита во категоријата „политика“ кај најголемиот дел од овие медиуми.
Нископозиционирани портали финансирани од СОРОС и луѓе блиски до опозицијата но и оние кои за себе велат дека се „во првите 20“ објавуваат неверојатни информации кои ниту се проверени и што е најважно, немаат ниту еден збор вистина.
Имено, опозициските портали вчера го достигнаа врвот објавувајќи три неточни информации. Првично опозициските портали напишаа дека Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска избегала од Македонија во Америка исплашена од „бомбата“ на Заев. Целта на оваа информација беше да се создаде впечаток дека бомбата на СДСМ е толку силна, што министрите почнаа да бегаат од неа.
Демантот стигна експресно и тоа на Press24. Откако ја проверивме оваа информација добивме повратен одговор дека е точно Јанкулоска заминала во Америка но дека таму нема да биде 3 месеци, туку 3 дена бидејќи ќе учествува на Самит кој се одржува во Белата Куќа во Вашингтон а кој е посветен на насилниот екстремизам. Домаќин на Самитот е државниот секретар на САД Џон Кери.
Втората лага во истиот ден беше дека Ставрески поради „силната бомба“ си поднел оставка што доби експресен демант од портпаролот на Владата. Целта иста. Да се даде привид пред граѓаните дека „бомбата“ која доби ниво на кафеански муабет има силно влијание врз функционерите и тие „во паника“ бегаат. Се разбира и оваа информација како и претходната беше лага. Претходно медиумите на СОРОС напишаа дека кога пукна првата „бомба“ Ставрески го искршил својот кабинет, што повторно се покажа како лага, бидејќи во тој момент, Министерот за финансии беше на службено патување во Лондон, па оттука, од британската престолнина нема начин да си го искрши кабинетот.
Врвот дојде денеска кога порталите кои важат за блиски до опозицијата, повторно исплашен од фактот дека „бомбата“ не го дава ефектот, објавија информација дека Латас, главниот и одговорен уредник на ТВ Сител имал сообраќајна несреќа. Латас експресно демантираше. Порталот Либертас објави дека Латас кога ја слушнал бомбата во неделата од бил во Зелениково и „голема нервоза“ брзајќи кон Скопје излетал со својот џип од патот и се превртел.
Вистината е дека Латас воопшто не бил во Зелениково туку во Куманово и воопшто немал сообраќајна несреќа. За оваа лага, Латас најави и тужба.

Дека СДСМ е во агонија потврдува и Ивор Мицковски кој важи за близок човек до врвот на партијата од Бихаќка. Тој јавно на Facebook им порача на своите сопартијци да не шират хистерија и лажни информации бидејќи несвесно и нанесуваат голема штета на партијата.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега