Промоција на „Слики со историска тематика во Музејот на македонската борба“

Публикацијата „Слики со историска тематика во Музејот на македонската борба“ од Владимир Величковски денеска беше промовирана во Музејот на македонската борба. Станува збор за публикација во која се собрани 109 уметнички дела- масло на платно кои се наоѓаат во Музејот на македонската борба и кои се од непроценлива важност за македонската држава, историја и култура.

 

-Публикацијата „Слики со историска тематика во Музејот на македонската борба“ која денеска ја промовираме ја заокружува историско-уметничката димензија на музејската поставка на оваа институција и ја прави уште подостапна до стручната, културната и целокупната јавност во домот на изложбени-едукативната функција на Музејот, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

 

Таа додаде дека станува збор за двојазично издание во кое на 150 богато илустрирани страници е прикажана генезата на создавањето на 109 уметнички дела на 38 реномирани ликовни уметници од Македонија, Руската федерација, Бугарија, Србија и Украина.

Канческа-Милевска потенцираше дека оваа публикација претеставува непроценливо уметничко богатство кое ќе биде наследство за идните генерации.  

Министерката истакна дека Музејот на македонската борба со богатата содржина предизвикал голем интерес кај домашните и странските гости.

 

- Од отварањето во 2011 година до сега Музејот на македонската борба го посетија повеќе од 150.000 домашни и странски постетители од околу 70 земји во светот, а над 30.000 ученици од целата држава преку едукативни посети ги збогатија своите сознанија за сопствената историја. Овие факти ги оправдаа нашите напори за изградба на овој музеј, кој освен историското, културното и образовното значење, како и туристичкиот потенцијал, има стратешка важност за нашата држава. Денеска Музејот на македонската борба е институција во која се презентираат многу значајни достигнувања од областа на културата, уметноста и науката во Р. Македонија, заклучи Канческа-Милевска.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега