Ќе се реновира одделението за геријатрија во Домот за стари лица во Куманово

 
Дом за стари лица „Зафир Сајто„ од Куманово двои 1,8 милиони денари за реновирање на одделението за геријатрија. Ќе бидат опфатени единаесет соби, единаесет тоалети и една бања.
 
- Главна потреба на нашите корисници е да имаат достоинствен живот што подразбира добри услови за сместување, квалитетни здравствени услуги, храна, нега и социјален живот. Во наредниот период ќе продолжиме да инвестираме континуирано, изјави денеска директорот на установата Џемаљедин Реџепи.
 
Наведе дека за годинава планирано е да се одвојат два милиони денари кои ќе се користат за реновинарање на т.н прв реон од домот, просторија која опфаќа дванесет соби, дванаесет тоалети и една бања.
 
Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски рече дека менаџерскиот тим во Домот за стари лица со успешен финансиски план, придонел за ваква инвестиција која има особено значење за корисниците на услугите и додаде дека инвестициската програма ќе се прошири и на други оддели.
 
Домот за стари лица „Зафир Сајто„ згрижува околу 150 корисници не само од Куманово и од општините од североистокот, туку и корисници од Скопје и од други градови од државата. За корисниците се грижи стручен тим, лекари, медицински пероснал.
 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега