Драма во автобус: Бездомник умирал, никој не сакал да му пријде

На маж вчера му се слошило во трамвајот двојка кај Белградска Славија. Од преполното возило никој не реагирал освен младата Александра Пантиќ, која додека другите ги вртеле главите, клекнала покрај човекот што почнал да крвари низ уста.

-Бев во трамвајот и брзав на работа кога на бездомникот покрај мене му се слоши. Мислам дека имаше епилептичен напад. Беше ужасно. Човекот ги вкрсти очите, ги искриви дланките во висина на главата и почна да ги врти. Сите го тргаа погледот, а нему пена му излегуваше од уста, вели Александра и додава дека и крв почнала да му тече низ уста зошто најверојатно си го гризнал јазикот.

Таа додава дека гласно барала да и го кажат новиот број на Брзата помош но никој не сакал. На крајот го изгуглаа и го завртела никој не и се јавил.

Не смеела да задоцни на работа, а од друга страна на сакала да го остави човекот. Ги гледала другите патници но никој не реагирал.

Таа морала да се симне, а повикот од Брзата помош дошол откако излегла од трамвајот. Од таму не знаат што се случило со него зошто не бил згрижен во болница.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега