Прокопис Павлопулос нов претседател на Грција

Десноцентристичкиот политичар Прокопис Павлопулос вечерва е избран за нов претседател на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Гласањето во грчкиот Парламент се уште трае, но Павлопулос веќе доби 180 гласови што му се доволни да стане претседател на Грција.

Согласно изборниот закон, пратениците можат да гласаат за еден од кандидатите, да се воздржат или воопшто да не присуствуваат на седницата. Гласањето е поединечно. За да биде избран во првиот круг, кандидатот треба да освои 180 гласа во Парламентот кој има 300 членови. 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега