Неделковски: Народот сака еднаш засекогаш да расчисти со шпионите и предавниците

Сметам дека на македонскиот народ веќе му е дојдено преку глава и бара, инсистира да се заврши еднаш за секогаш, да се стави крај на сите можни шпиони, предавници и соработници на странски разузнавачки служби. Со нив, ние мора да расчистиме за да оваа држава може да тргне по вистински пат и да тргне кон благодет.

Ова го истакна новинарот и аналитичар Миленко Неделковски, пред вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Битола.

-Јас до сега бев на една трибина, во Велес, беше преполна салата, имаше многу ракоплескања, луѓето учествуваа во дискусијата и сум презадоволен од сето тоа како ова реагира. Ова е една природна иницијатива, еден природен процес, каде што луѓето, граѓаните, нормалниот дел од нас, од жителите на оваа држава 95 отсто, сакаме еднаш за секогаш да се расчисти оваа смрдеа од странски платеници, платеници од невладини организации, од странски амбасади, од чудни фондови, луѓе кои соработуваат со шпионски служби, кои ги служаат нашите разговори и потоа сакаат да ги користат за разни пазарења, вклучително и политички. На народот му е преку глава и сака еднаш за секогаш да го расчисти ова, додаде Неделковски.  

Еминентни историчари, научници, професори, новинари и други интелектуалци загрижени за сегашноста и иднината на Република Македонија, вечерва повторно на трибина во општина Битола ќе ја дадат јавната поддршка на Платформата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Граѓаните масовно пристигнуваат за да го стават својот потпис за поддршка, а Центарот за култура во Битола е претесна да ги собере сите кои го поддржуваат Движењето.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега