Јосиповиќ официјално и ја предаде должноста на Грабар-Китаровиќ

Хрватскиот претседател во заминување Иво Јосиповиќ денеска официјално и ја предаде должноста на новоизбраната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Церемонијата на примопредавање се одржа во канцеларијата на претседателот, каде претседателскиот мандат на Грабар-Китаровиќ официјално почнува на полноќ.

- Имавме интересен и добар состанок. Ја запознав со сите детали на функционирање на канцеларијатра за полесно и веднаш да почне да работи. Уште еднаш и честитам и и посакувам успешна работа, изјави Јосиповиќ по состанокот.

Грабар-Китаровиќ наведе дека е задоволна од разговорот и му посака на Јосиповиќуспех во политичка кариера и во приватниот живот.

Во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, Грабар-Китаровиќ го победи Јосиповиќ и стана првата жена претседател во хрватската историја.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега