Со какви материјали „Македонските анонимуси“ влеаја страв и нервоза кај СДСМ и СОРОС?

„Македонските анонимуси“ како кошмар за Бихаќка. Раководството на СДСМ покажа многу силна нервоза, но и лицата блиски до опозицијата, новинарите финансирани од СОРОС и нивните поддржувачи.

 

Наспроти ова, Зоран Заев не престанува да се заканува. Откако ги уценуваше сите со материјалите кои ги најавуваше како “бомби“, лидерот на опозицијата почна прстот како закана да го вперува кон сите страни.

На својот Фејсбук профил Заев напиша дека е подгототвен за анонимусите и им порача „нека почнат, па ќе видат што значи вистински анонимуси“!

Многумина оваа изјава на Заев ја протолкуваа како лична закана. Меѓу нив, страв и нервоза се јави кај гласноговорникот на Заев, Бранко Героски. Опозициските медиуми финансирани од СОРОС со голема претпазливост пишуваат за ова. Дел од нив веднаш кажаа дека нема да објавуваат материјали од анонимусите.

Героски на својот Фејсбук профил го искажа ставот дека ќе продолжел да објавува само за бомбите на Заев, но доколку се појават други тонски записи кои не би биле објавени на начин каков што СДСМ ги објавува, независно што и материјалите на СДСМ се незаконски стекнати, неговите медиуми нема да го објавуваат тоа.

Тој видно исплашен од тоа што би можело да биде објавено, самиот признава дека објавувањето на материјали кој веќе СДСМ ги објавува е незаконско и казниво. Имено, Героски не објаснува како објавувањето за материјалите на СДСМ е законско, а се друго е незаконско кога и тој самиот во продолжение пишува дека објавувањето е “казниво според член 151 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија“.

-Исто така, Плусинфо и „Слободен печат“ не можат да преземат одговорноста за изнесување и пронесување навредливи и клеветнички содржини, доколку не се исполнети условите за неказнување експлицитно пропишани во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, напиша Героски.

Останува нејасно што Героски сака да сокрие, зошто е нервозен и зошто објавувањето на бомбите на СДСМ е законски, а се’ друго би било незаконски, дополнително што навистина никој не ја знае содржината на тоа што ќе објавуват тие.

Од каква содржина се плашат?

Што би можеле да содржат материјалите со кои се заканија „Македонските анонимуси“ и зошто тие влеаја страв кај раководство на Заев и медиумите на СОРОС?

Се отвораат неколку прашања што е можно да бидат дел од материјалите. Очигледно станува збор за снимки кои кријат значајна содржина, но можат да откријат многу повеќе од тоа што опозицијата сака да се слушне.

Дали станува збор за афери? Шеми на опозицијата во судството?  Коалициски скандали?  Постапување на СДСМ на избори? Местење на тендери? СОРОС и мрежата на финансирање?

Овие одговори ќе се дадат кога ќе се разбере дефинитивно кој стои зад анонимусите.  Се развија две можности- или материјалите ќе потекнат од раководството на СДСМ кое гледа дека Заев ја носи партијата во анбис. Познавачите предвидуваат дека анонимусите се продукт на некој од СДСМ, кој е под контрола на Заев, но гледа дека лидерот ја турка партијата во бездна, и сака да се стави крај на тоа.

Втората можност е дека таканаречените македонски анонимуси се креирани лично од Заев и раководството со кои на овој начин, би сакале да пуштат нелегално стекнати материјали кои се однесуваат на лица од опозицијата, кои не се под директна контрола на Зоран Заев. Ако оваа цел им се исполни, тогаш Заев би вршел дополнителна закана кон овие опозиционери, а објавите и уцените ќе имаат за цел нивна политичка елиминација.

 

Зоран Заев ги држи во грч и страв, не само сегашните, туку и поранешните функционери на СДСМ. Тој самиот кажа дека има материјали и за Бранко Црвенковски, а тогаш материјалите се однесуваат и на сите блиски соработници на екс-претседателот на опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега