СИТЕЛ: Македонски милионери секој месец земале социјална помош

Податоците на Народната банка го вклучија алармот.

Добивале по пет милиони денари преку брз трансфер на пари,а чекале на редот во центрите за социјална помош, пренесува Сител.

 

Колкумина лажни социјалци се запишани на списокот на труд и социјала. Само за минатата 2014 година, податоците покажуваат дека 320 од примателите на  парична помош имале добиено над 300 илјади денари од странство.

Меѓу нив има дури 24 милионери. Податоците на народната банка покажуваат дека најголемиот износ го добил примател на социјална помош од Липково. Преку брз трансефре на пари му биле исплатени неверојатни 4 милиони 933 илјади денари или над 80 илјади евра. Сума на која може да и позавидат и многумина богаташи.

Најголемиот број од лицата со милионски трансфери на пари од странство се од Липково дури 11, тројца од Шуто Оризари, двајца од Куманово, но имало и од Штип, Радовиш, Гостивар, Желино, Виница, Струмица, Дебар и Босилово, пренесува Сител.

Поделено по месечна основа, математиката покажува дека социјалците кои се на списокот 320 со примања над 300 илјади денари, во еден месец имале на располагање од 30 до неверојатни 416 илјади денари.

Иако правилникот за дбивање на социјална парична помош им наложува ниту еден од нив не ги пријавил парите добиени од странство.

 

Според правилникот на министерството за трид и социјала, максималната доизволена сума на пари кои може да ги добијат од странство во момнетов е 50 илјади денари на годишно ниво. Според измените кои се во тек, преку брз трансфер на пари можат да добиваат до 70 илјади денари, ако примателот на социјална парична помош користел средства за набавка на меидицнско помагало, таа сума со потврда за навака нема да влезе во пресметките на социјалните центри.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега