Опозициските новинари незадоволни од посетата на Хан
Очигледно е дека опозициските новинари се незадоволни од посетата на европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.
Причината за нездоволството кај опозициските новинари според познавачите веројатно е поради тоа што со неговите активности и изјави кои што беа реални и конструктивни, не ги исполни очекувањата на опозицијата за негово вклучување во нивното сеопшто сценарио.
Се чини дека нервозата на соросоидните новинари е достигната до највисоките граници при што во досегашните изјави во нивните емоции предничи новинарот Борјан Јовановски, кој очигледно изнервиран и полн со гнев си дозволи да ги исплука и лицата од Европската Комисија и Делегацијата на Европската Комисија во Македонија, која е и спонзор на неговата емисија.
-Тој е нов во ресорот, му треба време да завземе некоја линија која ќе биде, која ќе го продолжи она што го работеше Фуле, но сепак ќе има и негов печат. Второ, има своја администрација која ја поставува во кабинетот, која и не е така запознаена со извесни состојби во регионот, па и во Македонија и има една прилично тажна слика, еден пејсаж чиновнички, кој го храни со информации, кој е на едно прилично ниско бирократско ниво, вклучително и оваа структура која е во делегацијата на Европската Унија, рече Јовановски во емисијата „360 степени“ на Алсат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа