Ќе се отвора Центар за ран детски развој во Прилеп

Со поддршка на УНИЦЕФ би се очекувало отворање на Центар за ран детски развој во Прилеп, беше истакнато на денешната работна средба на градоначалникот Марјан Ристески, со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бертран Демулен.

На средбата главен акцент беше ставено на иницијативата за отворање на Центар за ран детски развој, кој ќе овозможи правилна интеграција на децата од претшколска возраст во општеството.

УНИЦЕФ веќе работи на програмата со која се опфатени маргинализирани групи на деца од предшколска возраст и нивно вклучување во претшколскиот систем на воспитување и образование.

Во нашава земја досега отворени се четиринаесет вакви центри за детски развој.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега