Лидерот на ДУИ се сретна со новиот американски амбасадор во земјава

Новиот американски амбасадор Џес Бејли, денеска во Тетово се сретна со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Од ДУИ соопштија дека соговорниците се заложиле за продолжување на тесната и конструктивна соработка кон остварување на заедничката цел, евроатланската интеграцијата на Македонија.

Ахмети му посакал добродојде на амбасадорот Бејли и изразил уверување дека соработката во точките од заемен интерес ќе се интензивира и понатаму.

- Албанците се благодарни на улогата на САД и нашата национална евроатлантска определба не се менува, рекол Ахмети.

Посочил дека програмските приоритети на ДУИ остануваат- интеграцијата во НАТО, почетокот на преговорите за членство во ЕУ, спроведувањето на Охридскиот договор и одржување на здрави меѓуетнички односи, добрососедски односи, економски развој и социјална заштита.

- Сите овие приоритети се поврзани и се заложник на нерешениот спор со нашиот јужен сосед за името на нашата земја. Ова прашање го прикажува нашата главна загриженост и го покануваме Вашингтон директно и што е можно побрзо да се вклучи во решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје, потенцирал Ахмети.

Во врска со аферата за прислушувањето, Ахмети ја истакнал потребата од што побрзо вклучување на меѓународната заедница во олеснувањето на политичкиот дијалог, како и истрагата и постапката на случајот со аферата со прислушувањето заедно со локалните власти.

- Оваа сериозна загриженост ги стави на тест институциите на државата и демократскиот капацитет, но ова прашање може да се надмине со помош на меѓународната заедница и сериозната посветеност на Брисел, додал Ахмети.

Соговорниците разговарале за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и реформите во земјата.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега