Локалитетот Стогово доби нов концесионер

Скопски легури Мајнинг - Скопје денеска во Министерството за економија потпиша договор за концесија за експлоатација на манган од локалитетот Стогово во Кичевско. Висината на понудата од инвеститорот што е доставена до министерството изнесува 26,1 милион денари.

Министерот за економија Ваљон Сарачини изрази задоволство и посочи дека оваа инвестиција значи и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население во западна Македонија и тамошниот економски развој.

- Со доделувањето на концесијата за рудникот Стогово кој влегува во нова оперативна фаза најголем бенефит ќе имаат локалното население и општините. Од уплатата на концесиските надоместоци од страна на корисникот,  78 отсто од износот ќе бидат приход за општините, додека 22 проценти за Буџетот на државата, изјави Сарачини.

Претставникот на Скопски легури, посочи дека како инвеститори за нив е многу значајно што се дел од програмата на Министерството за економија и Владата на Македонија која планира да спроведе преку измена во законот за минерални суровини со што суровините од Македонија ќе се преработуваат во државата до финалниот производ со понатамошно пласирање на домашниот и странскиот пазар.

На локалитетот Стогово утврдени се околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4 проценти.

Во 2012 година во буџетот се слеале 76,7 милиони денари од 96 договори задетални геолошки истражувања. За шест месеци  оваа година  се потпишани 60 договори од кој најголемиот дел во општините Липково, Дебар, Струга и Прилеп од кој во државната каса треба да  влезат 42,23 милиони денари. 

најчитано сега