Неделковски: Tреба да ја гледаме државата како напредува, а не како се уназадува

Ние имаме две опции, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Едната опција кажува- ќе ја свиткаме кичмата, треба да соработуваме околу промена на името, ќе ги избркаме сите од работа од чистачка до министер, ќе се пука, еве сега бомба има. Значи имаме една опција која постојано има закани. Другата опција кажува колку и што изработила.

Ова го истакна новинарот и аналитичар Миленко Неделковски, на вчерашната трибина на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија во Битола.

-Премиерот Никола Груевски со својот економски тим собрал извесна количина на пари од данок и ние граѓаните гледаме каде е потрошена, гледаме каде се потрошени парите. Претходно, пред оваа власт, ние не сме виделе ништо. Доколку не успеале да соберат данок значи дека се неспособни да ја водат државата, а доколку го собрале данокот, а не гледаме објекти- стадион, музеј, споменици, улици или било што, во тој случај ги собрале парите и ги скриле кај себе во џебови. Таа е разликата, истакна Неделковски.

Ние како граѓани и свесни луѓе, порача Неделковски, треба да ја видиме опцијата која носи просперитет на оваа држава, а не да ја видиме опцијата која сака смрт на еден народ, една нација и држава.

-Дојдов да порачам дека е дојдено време еднаш за секогаш да се заврши и да дојде крајот, да бидат погребани предавниците и кодошите на оваа држава, соработниците на странските шпионски служби, со нив мора еднаш за секогаш ние Македонците да се справиме и тоа да биде крај.  

Тој, пред битолчани истакна дека, треба да ја гледаме државата како напредува, а не како се уназадува.

-Не можеме да сме ние заложници на мала група луѓе, многу богата, многу гласна, поддржана од странски амбасади, невладини организации, како што е на Владимир Милчин Соросовата фондација, не можеме ние да сме нивни заложници, ние сме слободни граѓани на слободна Република Македонија. Со тие кодоши, предавници и странски шпиони еднаш за секогаш мора да завршиме, додаде Неделковски.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега