Љубиша Георгиевски: Ниту се чуло, ниту видело комунисти да се борат за демократија

Деновиве во нашата земја ние се соочуваме во нашата држава со една многу закономерна хистерија, смета драмскиот писател и режисер Љубиша Георгиевски, член од Граѓанското здружение за одбрана на Македонија, кој на трибината во Битола посочи дека сето тоа се случува поради опозицијата  во која, според него, преовладува кодошки менталитет.

-Според мојата дијагноза таа хистерија е закономерна затоа што од историски причини за кои никој од нас не е виновен во македонската политика се таложи една корозија, една `рѓа. Овојпат во опозицијата преовладува корозијата и `рѓата на кодошкиот менталитет. Тој кодошки менталитет ја импрегнира врхушката на таа партија, јас познавам од таа партија многу чесни луѓе и домаќини со кои радо би се дружел но во овој момент таа хистерија започнува да претставува пожар на цела држава, пак некои сакаат да ни ја украдат татковината, зошто на изборите кога тие победуваа, тогаш се изборите во ред, иако се фатени во кражби. Кога во 1994 година, кога СДСМ ги украдоа претседателските избори, тие порача дека кој губи има право да се лути, епа нека се лутат сега тие, рече тој.

Тој пред битолчани истакна дека тој кодошки менталитет на СДСМ тргнува од претпоставка дека Македонија е слаба и дека како таква таа ќе биде плен на странците.

-Иронијата е во тоа дека тие се борци за слобода и демократија  и велат дека Европа ни сака зло, тогаш кому ќе не кодошат, но комунизмот никогаш не дошол на власт со избори. Прво овие борци за демократија го дерогираа парламентот-самата суштина на демократијата, ќе го дозволиме ли тоа војна стои зад оваа хистерија. Тие се деца инфантилни си играат на политика, ама од таа игра може да стане играчка-плачка, посочи Георгиевски од трибината во Битола.

Тој нагласи дека никаде во светот ниту се чуло ниту видело комунисти да се борат за демократија.

-Тие на паднаа на изборите кои се самата душа на секоја демократија и сега го напаѓаат судството свесни дека влегоа во кривично дело. И верувале или не тоа се тие борци за демократија. Господ да не чува од таа демократија што ќе ја донесат комунисти,  рече Георгиевски. 

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега