Тони Михајловски: Македонецот од никого не се плаши, предавниците во 2001 отидоа во Грција, никаде ги немаше

Сакаат да посејат страв меѓу нас. Но, ние гледаме исплашен човек кој мавта со една папка и сака својот сопствен страв да го пренесе кај нас. Не му се плашиме. Македонецот од никогаш и од никого не се плашел... Скоро секогаш сме биле предавани од своите. Погледнете низ историјата, најголемите Македонци се предадени и убиени од нашите предавници, од кодошите. Овој народ ја измислил реченицата „Проклети да се предавниците!“. И навистина нека се проклети.

Ова го истакна актерот Тони Михајловски, кој учествуваше на вчерашната трибина на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија во Битола.

-Една работа сакам да им порачам: Навистина не се плашиме, оти пирејот од овде е излезен, мало парче земја ни треба да се потфатиме и да никнеме повторно, да се исправиме пред нив и да им кажеме- нека ве удри некоја ровја, нека ве направи пепел, нека ве крене ветерот и нека ве однесе што подалеку од оваа наша мила земја. Јас не знам само зошто се толку упорни и имаат идеја дека може да не поништат. Навистина тоа им е утопија и таа ќе им се удри како камен кој го фрлиле високо па ги удрил по главата. Тој камен сме ние Македонците.

Оваа земја, рече Михајловски, ја наследивме од дедовците, но ние најубаво знаеме дека им ја должиме да им ја сочуваме на нашите деца и на нашите внуци и тие да не се срамат од нашите дела денеска, како што ќе се срамат од нивните дела. И ќе се срамат и навистина треба да завршат на буништето на историјата.

-Како никогаш до сега ни треба единство, да се обединиме и да им покажеме дека не им е местото тука, нека си најдат друга земја и друг народ. Еве нека одат во Грција, ако сакаат и не само на одмор. Знаете, 2001 отидоа во Грција, ги ставија рацете во гипс и ги немаше. Овој град ги даде едни од најголемите бранители 2001-та. Тоа се модерните херои на Македонија.

Од секогаш, подвлече, кога Македонија го губела својот идентитет, својата државност, тој идентитет бил сочувуван во четирите букви ВМРО- Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

-Се уште раѓа и ќе раѓа оваа земја синови кои ќе им се спротистават на предавниците и мислам дека ВМРО му припаѓа на секој подеднакво, дури и на СДСМ само што тие не сакаат да си го признаат тоа. Чувството на македонштина нив ги боли. Кога ќе почувствуваат дека се Македонци сакаат на сила да се одродат, оти одамна се одродени од нас. Нити го сакаат народот, нити сакаат да се со народот. Вие паметите кога го уништија овој град со ТАТ, сакаа да го осиромашат и како феникс се кренавте и им покажавте дека ништо не може да ве уништи. Го уништуваат и мојот град Куманово, го распродадоа, но и тоа ќе им го вратиме, додаде Тони Михајловски и порача: Разбијте го стравот, кажете им дека не се плашиме. Пренесете ја пораката меѓу луѓето дека навистина нема од што да се плашиме, оти секогаш на браникот на Македонија стоеле вистинските Македонци, а тоа сте вие, народот.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега