СКАНДАЛОЗНО: 360.000 евра проневерени во македонското здравство

Околу 360.000 евра пари од пациенти завршиле во џебовите на директори и вработени во јавни здравствени установи. Парите си ги присвојувале со години. За 4 месеци финансиската полиција откри криминал во 4 болници.  Против 8 лица поднесени се кривични пријави, анализира Здравство24

1.Во последниот случај од вчера за проневера на околу 122.000 евра во Здравствениот дом во Охрид осомничени се директорот и двајца вработени во болницата. Од 2010 -2014 сториле повеќе кривични дела меѓу кои и фалсификување на деловни книги.

2.Најголема малверзација со 145.000 евра била направена во Институтот за медицина на трудот. Два дена пред Нова година Финансовата полиција обелодени дека во благајната бил внесуван помал промет од реалниот и биле фалсификувани завршни сметки. Осомничени се директорот и двајца вработени кои не го спречиле ваквото однесување на првиот човек на установата.

3.Главниот благајник во Штипската клиничка болница се терети за проневера на околу 23 евра. Минатата година во континуитет крадел од наплатените пари од пациентите .

4.Парите од болните завршувале во џебот и на благајничката на Институтот за туберколоза. Таа за 4 години успеала да присвои околу 70.000 евра.

-Благајниците не секогаш работеле на своја рака. Во два од случаите во последниот во Здравствениот дом во Охрид и во Институтот за медицина на трудот во криминалот биле вклучени и директорите на Здравствените установи. Сите 4 случаи за незаконско работење во болници чекаат на судска разрешница.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега