ВРЕМЕ: Подгответе се за снег викендов

Викендов кој е пред нас, 21 и 22 февруари, нема да помине во сончево и топло време како минатиот, анализира специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

 

Сабота ќе биде ден кој ќе почне со ведро време, но во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, особено попладне и навечер.Сепак, во сабота врнежи нема да има. 

Минималната температура низ котлините ќе има негативна вредност, но само околу -4°С. Малку потопло утро со минимална околу 1°С, се очекува во југоисточниот крај.

Денот ќе биде релативно топол, но сепак малку посвеж во однос на петок. Максималната температура низ поголем дел од населаните места ќе има вредност околу 9°С, додека најтопло ќе биде во гевгелискиот регион со максимална малку над 10°С.

Недела ќе донесе нагол пад на температурата, но само за околу 4°С. Утрото ќе биде потопло во однос на саботното.

 

Дневниот максимум на температурата нема да надмине 8°С, и тоа во југоисточниот крај. Во котлините во северниот регион, максималната температура нема да надмине 4°С. 

Недела ќе биде облачна. Низ котлините ќе врне дожд, но без некој поголем интензитет. На повисоките места и планините се очекуваат нови врнежи од снег. Врнежите ќе бидат позастатени во втората половина од денот. 

Се на се, ако планирате скијање, или пак друга активност во природа, сабота Ви е подобар избор.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега