МОН и СОНК седнуваат на заедничка маса

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култураденеска информираат дека преговорите меѓу претставниците на двете страни во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока.

- Согласно разговорите на досега остварените средби, очекувањата на социјалните партнери по однос на реализацијата на заемно прифатливата спогодба постигната на 3.2.2015 година, се позитивни, со оглед на постигнатиот степен на приближеност на ставовите за повеќе точки кои се предмет на дискусија и анализа. Двете страни изразуваат задоволство и уверување дека конструктивноста и натаму ќе биде основна одлика во пристапот за водењето на ефикасен и ефективен социјален дијалог и во исполнувањето на обврските произлезени од истиот, стои во соопштението потпишано од МОН и СОНК. 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега