Детали за грозоморното убиство во Србија: Го исецкал на парчиња и го чувал во фрижидер

Милан Грујичиќ (39) од Бела Црква е уапсен под сомнение дека го убил, па го искасапил Павел Анка (75) од селото Гребенац.

Деловите од телото на свирепо усмртениот човек се пронајдени во куќата на Грујичевиќ и тоа во замрзнувачот. Се претпоставува дека мотивот за злосторството се пари.

Страотното злосторство многу личи на монструозното убиство на белградскиот бизнисмен Драго Машуловиќ, па инспекторите веруваат на дека овој убиец врз основа на претходниот случај добиле идеја како да се ослободи од телото. Тој по кавгата Анка го убил со пиштол, па го касапел со моторна пила.

-За да го прикрие злосторството, телото го ставил во кеси, па во замрзнувач. Најверојатно чекал погодна прилика па да се ослободи од лешот на искасапениот Павел - велат извори за српски Курир.

Павел Анка последен пат е виден на 9 февруари околу 15 часот. Неговото исчезнување е пријавено на 13 февруари од страна на неговиот син.

-Полицијата веднаш тргна во потрага. Со проверка на телефонските повици утврдено е дека Павел доаѓал кај Грујичиќ. Поради тоа вчера е сослушан и признал дека Павел бил кај него, но потоа заминал и дека не знае што се сличило со него. Дури и им рекол: Дојдете кај мене дома да видите дека немам никаква врска со исчезнувањето на Павел - вели изворот и додава дека Павел Анка имал фирма во Романија која се бавела со ПВЦ столарија.

Но полицајците набрзо му влегле во куќата, без да насетат што ќе најдат.

-Штом дошле полицајците, Грујичиќ се вознемирил. Набрзо го отвориле замрзнувачат и во него го ги затекнале црните кеси со месо. Го прашале: Што е ова?, а тој мртов ладен одговорил: „Тоа е Павел!“ Сите биле шокирани во тој момент.

При претресот на дворот пронајден е автомобилот на жртвата марка „форд“, кој исто така бил исечен на делови.

Синот на убиениот кој исто така се вика Павел вели дека неговиот татко на 9 февруари дошол од Романија и отишол да се види со Грујичиќ.

-Требаше да се најдат за татко ми да разгледа и купи некој старински мебел. Со себе носеше 5.000 евра. Меѓутоа татко ми не се врати дома и од тогаш му се губи секава трага, рече синот Павел.

 Сосетката Весна вели дека Грујичиќ можел да го убие Анка само поради пари.

-Не знам дали имал и друг мотив. Милан ни се жалеше дека го продал автомобилот и дека нема пари да купи друг. Беше кај нас на кафе на 14 февруари вечерта. Мојот сопруг му спомна дека го нема Павел, но и дека полицијата ќе го најде по неговиот мобилен. Милан се вознемири и излета од куќата без поздрав, вели сосетката на свиерпиот убиец.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега