Трагедија во Загреб: 15 годишно момче пушело тутун и темјан и починало

Петнаесет годишно момче вчера попладне е пронајдено мртво во центарот на Загреб откако пушело тутун мешан со освежувач за воздух. Хрватските медиуми пренесуваат дека момчето околу 16 часот било пронајдено во влез на станбена зграда каде претходно му се слошило.

 

Хрватските медиуми пишуваат дека се почеста појава кај дел од младите во Хрватска е да се користат одредени производи кои создаваат дејство како на синтентички дроги.

 

Проблемот е што тие се продаваат легално како освежувачи за воздух, соли за капење и разни препарати за во билкарството.

 

Во овој случај момчето пушело темјан кој се продава во секоја продавница по цена од околу 10 евра.  Темјанот изгледа идентично како и мрихуаната и има речиси исто дејство.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега