Цеца окована со тегови

 

Цеца Ражњатовиќ на почетокот на снимањето на „Ѕвездите на Пинк“ добила специјален третман и за разлика од останатите членови на жирито, на нејзиниот стол се ставени неколку тешки тегови.

Во оглед на фактот дека Цеца е слаба, пишуваат српските медиуми, нејзината фотелја постојано се тресела и неконтролирано се поткревала,па организаторите морале некако да го решат тој проблем.

-Неа сето ова и беше неизмерно смешно, како и на останатите членови на жирито, чии столици нормално се движеа нагоре-надолу. Таа дури седнала и на друга столица за да се увери дека проблемот е во неа, но кога и таа столица почнала да се тресе, сите прснаа од смеење. Бидејќи немаше друг начин да се „скроти непослушната фотелја“ која се бунеше против тежината на Цеца, организаторите ставија неколку тешки тегови во конструкцијата, вели извор близок на продукцијата.

-Точно е дека мораа да стават тегови за да не се тресе фотелјата. И мене тоа ми беше многу смешно, изјавила Цеца.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега