Агенцијата за катастар на недвижности доби современ Контакт центар

Агенцијата за катастар на недвижности доби современ Контакт центар кој е ставен во служба на граѓаните, професионалните корисници и вработените на Агенцијата. На бесплатната линија 080080800 граѓаните ќе можат да ги пријават сите забелешки и поплаки за вработените во катастарот, да пријават мито и корупција, да добијат информации за статусот на конкретен предмет како и други работи поврзани со работата на катастарот, информираше денеска директорот Славче Трпески.

Една од придобивките од формирањето на контакт центарот е и можноста преку директните јавувања на беспплатната телефонска линија да се следи и задоволството на клиентите од работата на катастарот, но и можноста апликациски да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги од катастарот, истакна Tрпески.

Во контакт центарот ќе има посебна инфо-линија за професионални корисници на електронскиот шалтер, како и посебна инфо-линија за странски инвестиции и домашни бизнис компании.

Контакт центарот ќе работи секој ден од 8.30 до 16.30 часот и информациите ќе можат да се добијат на македонски, албански и англиски, а граѓаните парашања ќе можат да поставуваат и преку електронскта пошта info@katastar.gov.mk.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:04
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега