ФОТО: Ова се монструмот и неговата жртва од Србија

Милан Грујичиќ (39) од Бела Црква е уапсен под сомнение дека го убил, па го искасапил Павел Анка (75) од селото Гребенац.

Медиумите од Србија пишуваа за повеќе сценарија- дека грозоморниот злочин бил направен поради љубомора од неверство или поради кражба на пари.

Но, монструмот го призна делото. Тој рече дека го убил и искасапил својот пријател поради крвна одмазда.

-Павел пред 15 години му носеше на мојот татко лекови од Германија во Србија. Сигурно му носеше погрешни лекови. Таблетите не му помогнаа на тато и тој почина, а јас знам дека Павел е одговорен за тоа. Го чекав вистинскиот момент за да му се осветам, рече Грујичиќ.

Според мислењето на инспекторите, овој човек злосторството го направил во моментално психичко растројство.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега