ФОТО: Се гради нова трибина на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Активностите поврзани со подобрување на инфраструктура стадионите e една од клучните цели на Фудбалската федерација на Македонија.

Со средства од „Хет-трик 3“ програмата на УЕФА во изминатиот период беа изградени и пуштени во употреба десет терени со вештачка трева во различни општини во земјата.

Во новиот, тековен проект на ФФМ од програмата „Хет трик 4“ за поставување нова тревна подлога и поставување рефлектори се опфатени пет главни стадиони во Македонија.

Поквалитетните стадиони, подобрата организација на натпреварувањата и заедничката одговорност на сопствениците на стадионите и клубовите сигурно ќе доведат до подобро однесување и на фудбалските натпревари. Тргнувајќи од тоа, ФФМ започна со реконструкција на еден од двата терени со природна трева на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на фудбалот“.

Реконструираниот стадион е предвидено да ги исполни стандардите од категоријата 2 на УЕФА, а тоа значи дека ќе ги исполнува критериумите за одигрување официјални натпревари на младинските национални репрезентации, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, а исто така би можеле да се одигруваат и натпревари од предквалификациите на УЕФА за европските купови.

Новиот стадион ќе има капацитет од 1500 гледачи, ќе се изградатнова трибина, нови соблекувални, простории и канцеларии за официјални лица, модерен фитнес центар и простор за официјалните гости и странски делекации.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега