Финалната верзија на "Лисја есенски"наскоро во јавност

До Евровизија остана уште некој месец, но подготовките веќе се во тек. Даниел Кајмакоски, нашиот овогодинешен евровизиски претставник, заедно со тимот од МРТ веќе го имаат планот за тоа што ќе е работи во периодот што следува, па наскоро и ќе стартуваат со реализација на предвиденото.
Според шефицата на нашата евровизиска делегација, Мери Попова, до крајот на следната недела треба да биде комплетно завршена финалната верзија на "Лисја есенски", по што ќе се премине на снимање и на видеото. А веќе од април стартуваат и со промотивната турнеја и претставувањето на Даниел во дел од земјите-учеснички.

-Прво што ќе треба да се направи, а тоа е во текот на следната недела, е снимањето на разгледницата која се емтитува пред настапот на секоја земја-учесник. Екипата на австриката телевизија доаѓа во среда во Скопје за да се снимат кадрите. Што точно имаат замислено не знаеме, бидејќи имаат подготвено некакво изненадување за Даниел. Само знаеме дека доаѓаат и дека му носат подарок", вели Попова и додава дека засега може да ги потврди само гостувањата во Амстердам и Лондон, на големите евровизиски концерти во организација на ЕБУ и ББС, на кои настапуваат сите земји-учесничк

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега