Груевски во четврток во Брисел на средба со Јункер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во четврток во Брисел ќе се сретне со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, јави дописникот на МИА од Брисел.

Оваа информација попладнево ја објави портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, потврдувајќи дека тоа ќе биде прва средба со македонскиот премиер на челникот на неформалната Влада на Европската унија, откако го наследи Жозе Мануел Барозо.

На прашањето кој ја иницира оваа средба, односно дали Груевски доаѓа на покана на Јункер или пак ќе се сретнат на барање на претседателот на македонската Влада, портпаролот Схинас рече дека нема одговор, но дека оваа средба Груевски-Јункер е резултат на заеднички консултации.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега