Следуваат обилни врнежи од дожд - опасност од нови поплави

Поради најавите за нови обилни врнежи од дожд и снег во западните и јужните делови на земјата во недела на 22 февруари, Координатвното тело денеска упати препораки за заштита од евентуални поплави. 

Во овие делови од земјата, според УХМР, под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекуваат обилни врнежи на дожд, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метри квадратни, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Координативното тело повторно упати препораки до градоначалниците, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН, Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Во препораките се наведува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до ДЗС и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

Единиците на локалната самоуправа да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.

Сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК. 

Припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција.

Возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.

Координативното тело апелира до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции, како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски, се во постојана координација и комуникација се со цел навремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега