Заздравува македонската економија - годинава раст од 1,4 %

 

Македонија излезе од двојна рецесија, економијата влезе во фаза на рано закрепнување и напредува и се предвидува раст од 1,4 отсто за годинава, се наведува во најновиот Извештај на Светска банка за земјите од регионот кој беше денеска презентиран.

На почеток се очекува растот да биде скромен, но постепено да забрзува во втората половина од годината со имплементање на планот за јавни и странски директни инвестиции, се вели во Извештајот. Според СБ, загрижува тоа што ова закрепнување нема да влијае на намалување на невработеноста која во некои земји од регионот се движи над 30 проценти, како и на сиромаштијата која е 32,2 проценти.  

- Една од главните грижи е високата невработеност. Просекот за регинот беше околу 22,8 проценти во четвртиот кваратал од минатата година. Невработеноста кај младите е особено засташувачка - во Србија е 51,2 проценти, во Македонија 53 проценти и во другите земји е двојно поголема од стапката на невработеност. Земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги прифатат новите учесници во работната сила. Состојбата со рабоните места е полоша од тоа што бројките на невработеност покажуваат, бидејќи многумина заминуваат од регионот за да работат на друго место, се наведува во Извештајот.  

СБ препорачува да се спроведуваат структурните реформи кои се однесуваат на деловното окружување и пазарот на труд. Се посочува дека Македонија е лидер во некои делови од бизнис окружувањето, како што дозволите за градба, регистрација на имот, даноци...

Главниот економист за регионот на Европа и Центална Азија во Светска Банка и коавтор на Извештајот Абебе Адуња, потенцира дека треба да се работи на решавање на прашањето со недостиг на одредени занимања, образованиот систем кој не произведуваа соодветни кадри, особено средното образование, да се олесни условите за да инвестираат оние што заминале од земјата. Ограничување според него е и високите придонеси на труд кој во просек во регионот се од 35 проценти.

Регионалниот директор на Светска банка во Македонија Татиана Проскурикова потенцира дека македонската Влада заедно со Светска банка работат на Стратегија за решавање на прашањето на невработеноста.

Во Извештајот се наведува дека за регионот се предвидува раст од 1,7 отсто. Извештајот се издава два пати во годината од економисти во регионот на Европа и Централна Азија во Светска банка, одделот за намалување на сиромаштијата и економско управување.

најчитано сега