Нептун Македонија воведе единствен кредит за лојалните потрошувачи

Не ретко се случува поради недостиг на финансиски средства да не го купиме техничкиот производ кој најмногу ги задоволува нашите потреби. Долгите банкарски процедури за одобрување уште повеќе не оддаделечуваат од саканиот производ што влијае или да не го купиме или пак да ги намалиме критериумите и да се задоволиме со производ со пониска цена.

Имајќи ги во предвид овие потреби,Нептун Македонија за своите лојални потрошувачи креираше понуда за кредитирање. Имено, од 20 февруари, потрошувачите можат да добијат инстант кредит во сите продавници на Нептун само со Happy лојалната картичка, лична карта, потврда за вработување и лични примања. Сите државјани на Македонија од 18 до 72 години можат да купат сé што сакаат во Нептун до износ од 120.000денари и со максимален рок на исплата до 36 месеци.Целата процедура трае не повеќе од 10 минути и потрошувачите можат веднаш да го купат својот омилен телевизор, лаптоп, музичку уред илибела техника.

 Имајќи во предвид дека станува збор за производи кои се купуваат еднаш во 5 или 10 години, зошто да не ги купиме најдобрите, оние кои ќе ни овозможат комплетно задоволство. Новиот Happy потрошувачки кредит е креиран според потребите на нашите лојални потрошувачи, кои и самите веќе извесен период бараа нешто слично, изјавија од Нептун Македонија.

 

 Истовремено Нептун Македонија нуди и уште еден новитет заедно со Уника Осигурување, а тоа е нов производ;  осигурување на техничка стока купена во продавниците на НЕПТУН. Со производот се осигуруваат сите ризици врзани за техничката стока, како кршење заради паѓање или кражба. Овој продукт е особено атрактивен за производи кои се најподложни на кражба и на кршење, а кои сега можат да се осигураат на период од 1, 2 или 3 години во зависност од желбата на потрошувачите.

 

Со овие активности Нептун ја потврдува својата грижа за потрошувачите -обезбедувајќи им можност да ги користат омилените технички производи уште денес иобезбедувајќи им поголема сигурност дека ќе ги користат истите подолг временски период.

 

Нептун, инспирира радост!

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега