СДСМ сака да дојде на власт без поддршка од народот

СДСМ очигледно сака да дојде на власт без да ја побара поддршката од народот. Опозицијата сака да ги заобиколи граѓаните во својата битка да ја превземат власта.

Зоран Заев и тесното раководство од Бихаќка не се подготвени со проекти и програма да ја побараат довербата од македонските граѓани. Тие во ваква состојба само бараат шанса да не издвојуваат победа, ама да ја земат власта во свои раце, сметаат аналитичарите.

Освен од Бихаќка, реалноста за ваквата состојба се докажува и преку настапите на новинари блиски до политиките на Заев и Шекеринска. Експонетот на опозицијата Зоран Димитровски, пишува дека власта може да падне и елитистички, не мора популистички. Тој всушност дава одговор на колумната на Ивор Мицковски, кој го нападна начинот на работење на опозицијата.

-Мислам дека авторот е премногу опседнат со слабиот капацитет на Заев и раководството на СДСМ да организира протести, да го возобнови отпорот, да понуди политичка алтернатива и да го обедини народот. Немам илузии за способностите на Заев и Шекеринска, напротив, но мислам оти е погрешно да се мисли дека режимот мора да падне само популистички, пишува Димитровски.

Со ова тој докажа дека ниту самиот не верува во капацитетите на партијата која жолчно ја брани. Тој натаму пишува дека Груевски може и мора да падне елитистички, што би значело буквално без избори, СДСМ да дојде на власт и Заев да стане премиер.

-Ако СДСМ тргне да го освојува народот за отпор, ќе му бидат потребни повеќе години за таква цел, додава Димитровски.

Најгласните поддржувачи на Заев очигледно имаат и други цели. Меѓу другото, тие најмногу посакуваат албанските партии ДУИ и ДПА да се свртат против владејачката партија.

Деструктивните сценарија освен од Бихаќка, се спроведуваат и надвор од неа, преку повеќе опозиционери. Но, кандидатот за претседател од редовите на опозицијата кој катастрофално ги изгуби изборите, Стево Пендаровски, отиде предалеку.

Спомнувањето на 2001-ва година е најострата закана која може да се испрати и која единствено има за цел да внесе непокорлив страв кај македонските граѓани.

- Случувањата во парламентот на 24 декември беше минијатура во споредба со недемократските практики на власта што ќе ги обелодениме. Ако тогаш кризата се резреши со посредништво на еврокомесарот Штефан Филе, тогаш не гледам како ова би се разрешило без меѓународна медијација. Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите… Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа – предупреди екс-кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Знае ли овој човек што значи 2001-ва година? Се сети ли пред да игра политика, на сите жртви од тоа време? На непреболот? На стравот кој неговите зборови го внесуваат во умот и срцата на македонските граѓани?

Во политиката, според социјалдемократите, очигледно се е дозволено. Патот кој си го замислиле за да дојдат на власт без избори им е трнлив и нема да ги одведе до никаде, коментираат експертите.

Но, народот ја дава и ја зема власта во Македонија. Заев тоа го знае, а сепак се обидува да ги заобиколи граѓаните и да седне на премиерско столче.

СДСМ нема програма и без конструктивна политичка идеја тие не можат да дојдат на власт, па затоа мислат дека тоа ќе го постигнат со странска помош. Но, ваквото размислување наидува на недоверба и револт кај граѓаните кои велат дека со скандали СДСМ нема да стане партија во позиција.

Ваквиот став на граѓаните го потврдуват и политичките аналитичари кои сметаат дека со странски служби не се доаѓа на власт и токму таквото однесување ќе биде казнето и осудено од народот.

-Никоја политичка партија не може да дојде на власт преку соработки со странски служби. Јас мислам дека ни во светот не постои таква работа и не можам да се сетам на таква ситуација, можеби во антиката и во стариот век, но сега во новото време некој со уцени со материјали добиени од странска служба да се заканува за да дојде на власт е нешто што е под секое ниво на нормално размислување, многу е малку да кажеме дека тоа е скандал. Тоа е нешто што човек само од тешка провинција, од пештера да е излезен може така да размислува и да се обидува на таков начин да функционира во политиката, посочи политичкиот аналитичар Александар Пандов во изјава за Курир.

Професорката Тања Карамишева вели дека демократски изразената изборна волја на граѓаните е неприкосновена во секоја демократска држава, така што секој оној кој посегнува против изборната волја на граѓаните во насока на нејзина насилна промена или уцена за нејзино искривување, повикувајќи се притоа на институти кои се неуставни во земјата, се соочува со кривична одговорност.

-Со кривична одговорност се соочува секој кој ќе објави информации добиени на нелегален начин, а со цел соборување на изборната волја на граѓаните преку директната закана за соборување на државните органи. Со овие активности директно се повредува чл.2 од Уставот и суверенитетот кој произлегува од граѓаните и кој им припаѓа на граѓаните. На власт не се доаѓа со уцени, со закани од објавување незаконски добиени материјали кои имаат единствена цел, да ја уништат правната сигурност во земјата и наместо владеење на правото да се наметне владеењето на уцената и бандитството. Во демократскиот свет партиите се натпреваруваат со програми и со стратегии, со развојни политики за да ги убедат граѓаните да гласаат за нив, но и за да им влеат доверба дека нивното владеење ќе донесе прогрес, стабилност на системот во целина, мир и благосостојба. СДСМ наместо да се бори со демократски методи и со нудење на конкретни компетитивни политики, се одлучи на политички хазард, со страв, уцени и манипулации да ги натера граѓаните да мислат како нив, да им го пере мозокот на начин кој тие сметаат дека е добар за нив, вели Каракамишева за Курир.

СДСМ не може на никој друг начин да го сврти вниманието кон себе, без програма и проекти. Тие во изминативе години како опозиција не понудија ништо конструктивно и наместо да поработат на програма, полесно им е да соработуваат со странски служби. Одлука која граѓаните не ја поддржуваат, а експертите ја сметаат за погубна.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега