Телефонски број и веб апликација за пријавување на загадувачите на животната средина

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска на прес-конференција ги промовираше бесплатната телефонска линија 0800 55 043 и апликацијата E-report Тетово, (www.tetova.gov.mk/ereport).

- Преку нив граѓаните во секое време можат да ги пријават несовесните однесувања, како на физички така и на правни лица, кои со нивното однесување ја загадуваат животната средина истакна Арифи.

Тие се и дел од краткорочните и среднрочните мерки што ги презема локалната власт за намалување на загадувањето на воздухот во градот и пошироко.

- Заштитата на животната средина секако дека бара институционално ангажирање на локално и национално ниво, бидејќи институциите од двете нивоа имаат смисла само доколку дејствуваат во насока на заштита на интересот на граѓанинот, но почитувањето и заштитата на чистата животна средина бара воздигнување на еколошката свест и сестрана граѓанска заложба. Ние ќе продолжиме во склоп на нашите законски обврски да дејствуваме во насока на подобрување на квалитетот на живеењето на нашите граѓани, да ги информираме и да влијаеме кај останатите фактори кои се надвор од нашите надлежности но кои со нивното дејствување ја оштетуваат и ја загрозуваат во голема мерка животната средина и граѓаните во Полог, рече Арифи.

Секако, додаде таа, во овие заложби воздигнувањето на граѓанската свест за значењето на заштитата на животната средина  како и вашето конкретно залагање во оваа насока се од суштинско значење.

- За оваа цел денеска ја промовираме бесплатната телефонска линија и веб апликацијата. Општинските еколошки инспектори ќе реагираат за секој пријавен случај,  а ќе изготват повратна информација за граѓаните за статусот на пријавените случаи, начинот на реагирање на инспекторатот, како и за изречените санкции за несовесни физички и правни лица потенцира Арифи.

Како досега преземени мерки од страна на градоначалничката Арифи беа посочени зголемувањето на бројот на еколошки инспектори кои веќе казниле неколку компании што неовластено палеле градежните материјали, гуми, отпадоци и други дрвени материјали, редовните контроли на компаниите за поседување на Б-еколошка дозвола или еколошки елаборати, пренасочување на тешките товарни возила на влез и излез од Тетово, а кои градот не им е конечна дестинација да ги користат обиколните патишта, ограничувањето на транспорт и истовар на роба за дуќани и други објекти во период со помала сообраќајна фрекфенција од 18 до 8 часот наутро...

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 15:13
Фото: 
скопјеинфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега