ТРАНСКРИПЦИЈА: Што точно зборуваше Љубе и како го продаваше името на Македонија за 70.000 евра

Ова се транспкриптите од видо записите, кои се појавија на „ЈуТјуб“, а на кои се гледа како поранешниот македонски министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, со странец кој говори на лош македонски јазик, договара менување на името на Македонија и за таа цел добива пари.

Скандалозно е тоа што на видо снимките јасно се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски, на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

Прв дел:

Грчката влада воодушевена, Љубе ќе го реши името за два дена

Посредникот:  Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе,

Љубе: Да.

Посредникот:   Се е до сега како што треба, само молим те Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш, стварно да го решиме проблемот со името.  Преку глава ни е.

Љубe:  Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје…. Охриѓаните ги прашаа битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови, тој игра на лажна карта ..Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, зошто Љубчо најотворено се лигави. Љубчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љубчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена, со тебе заедно!

Посредникот:   Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.

Љубе: Така де, така е

Посредникот:   Да бидам искрен ништо не се губи.

Втор дел:

Видео- Љубе зема пари за промена на името

Љубе: Брат ништо, јас сега имам интервју

Посредникот:  Јас ќе те чекам, утре ќе збориме повеќе. Слушај сега, јас направив, јас за една недела точно ќе ти ги дадам СЕДУМДЕСЕТ…

Љубе:  Добро

Посредникот:   Седумдесет илјади. И другите како ќе ги сакаш, постепено?

Љубе:  Како ќе оди кампањата, така

Посредникот:  така, ќе ми кажуваш ти, ќе ми кажуваш ти, ќе ја правиме така.

Љубе: Најважно да можам да замислам дека ќе имам.

Посредникот:  За недела дена толку.

Љубе:  Па не.

Посредникот:   Колку?

Љубе:  па пола од тоа ако може на овие денови ќе биде топ

Посредникот:  За добар ден што викаат, со арно нека бие и со крстот нека ти помогни

Љубе:  Фала ти брат

Љубе: Овде колку има десетка

Посредникот:   Десетка

Љубе: добро брат, фала ти многу

Трет дел:

Љубе со нечисти пари финансира кампања

Љубе:  Сега во шест ипол треба да бидам во, не во седум ипол треба да бидам во Штип во студио

Посредникот:   Ааа во Штип

Љубе: Директно одам на митинг

Посредникот:   Што друго сакав да ти кажам, овие катастрофа се. Овие се катастрофа. И ќе изгубат скрос,  а?

Љубе: Скрос. Не бе и од мене, малку и од СДС, ама повеќе и од мене. Повеќе од мене брат ќе изгубат. Лом ги правам на терен.

Посредникот:  Така,  така

Љубе:  Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, наTелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив една новинарка што ја води емисијата Индекс

Посредникот:   Аха

Љубе:  Најверојатно. Таа Велија ми ја препорачува

Посредникот:  Аха, аха

Љубе:  И да биде на второ место во 4 та изборна единица. Со тоа на А1 минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа.

Четврти дел:

Љубе гарантира смена на името

Љубе:  Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам

Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката

Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено.... Тоа немаш гајле.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега