Дали СДСМ доби попуст кај Велија за Бишевац и Николовска?

Снимките кои денеска се појавија на Јутјуб отвораат и нов скандал со трговија со пратенички места и со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата.

safet-lence

 

Видео снимките од кои јасно се гледа дека Љубе Бошкоски нелегално земал пари за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година и дека притоа  за возврат за тие нелегални пари што ги зема му ветува на посредникот промена на името на земјата доколку тој дојде на власт, не се единствениот скандал кој го откриваат снимките.

Бошкоски на снимките јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица.

Во продолжение дел од транскриптот од договорот....

Љубе:  Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, на Tелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив една новинарка што ја води емисијата Индекс

Посредникот:   Аха

Љубе:  Најверојатно. Таа Велија ми ја препорачува

Посредникот:  Аха, аха

Љубе:  И да биде на второ место во 4 та изборна единица. Со тоа на А1 минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа.

После ваквото признание на Бошкоски, се поставува прашањето дали и СДСМ добил попуст кај Велија Рамковски за рекламирање на А1 телевизија, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставнци од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ успеаа да се изборат за пратенички места, кои според тврдењата на Бошкоски носеле и минимална наплата за рекламирање на А1.  

 

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега