ВИДЕО: Грчката влада воодушевена - Љубе ќе го реши името за два дена

На Јутјуб излезе снимка на која Љубе Бошковски прима пари од човек што зборува со грчки нагласок и разговараат за промена на името на Македонија.

„Само да знаеш дека грчката влада е одушевена од тебе“, му вели соговорникот на Бошковски сугерирајќи му дека „Северна Македонија“ е „перфектно“ име за државава, на што Бошкоски одговара „Така де, така е “.

„Сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името еднаш засекогаш“, вели соговорникот на Бошковски во видеото.

Посредникот:  Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе,

Љубе: Да

Посредникот:   Се е до сега како што треба, само молимте Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш, стварно да го решиме проблемот со името.  Преку глава ни е.

Љубe:  Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје.... Охриѓаните ги прашаа битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови, тој игра на лажна карта ..Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, зошто Љубчо најотворено се лигави. Љубчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љубчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена, со тебе заедно!

Посредникот:   Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.

Љубе: Така де, така е

Посредникот:   Да бидам искрен ништо не се губи.

 

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега