Ќе остане ли Заев во коалиција со Бошковски - свиткана кичма или 70.000 евра за името?

Вистински скандал ја тресе опозицијата откако коалициониот партнер на СДСМ, Љубе Бошкоски се покажа дека се обидел за 70.000 евра да го продаде уставното име на Македонија и идентитетот на Македонците.
По скандалот се погласно се поставува прашањето, дали тогашното раководство на СДСМ чиј дел беше и Зоран Заев знаело за овие тргувања на Љубе Бошкоски имајќи предвид дека иако во тој момент не беа во официјална коалиција, на сите им беше јасна нивната соработка.
Се поставува прашањето, дали СДСМ свесно го искористи Љубе Бошкоски за да одвлече дел од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ на своја страна?
Се поставува и прашањето, дали СДСМ можеби биле во истата комбинација со Бошковски, односно дали тогашното раководство го поддржало Бошковски во оваа постапка.

Откако одекна мега скандалот на Бихаќка владее молк. 

Заев уште претходно најави дека е подготвен на промена на името

"Македонија мора да направи отстапка во делот на меѓународната употреба на името, имајќи ја предвид тешката економска состојба во државата, како и извесното заострување на изолацијата однадвор, а особено од страна на Грција и нејзините поддржувачи", изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа. 
"Не верувам дека постои политичка партија во државава која ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик", вели Заев.

"Но, она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да 'свиткаме кичма', како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните", истакнува Заев. 

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега