ВИДЕО: Љубе се согласи со посредникот - Граѓани на Републиката, не мора Македонци

На видео снимките кои се појавија во јавноста се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

„Само да знаеш дека грчката влада е одушевена од тебе“, му вели соговорникот на Бошковски сугерирајќи му дека „Северна Македонија“ е „перфектно“ име за државава, на што Бошкоски одговара „Така де, така е “.

„Сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името еднаш засекогаш“, вели соговорникот на Бошковски во видеото.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговара на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Републиката (се мисли на Северна Македонија).

Љубе:  Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам

Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката

Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено.... Тоа немаш гајле.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега