Катастарот во Скопје ги отвара вратите за граѓаните

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до петок во период од 9 до 17 часот во Центарот за катастар на недвижности во Скопје кој се наоѓа на ул. Дрезденска бб организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на град Скопје.

Од Агенцијата ги повикуваат сите граѓани кои имаат какви било нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат да се консултираат со вработените во Институцијата.

Оттаму информираат дека граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на телефонските броеви  3097-300 и 3097-337. 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега