ВНИМАВАЈТЕ: Нова дрога чии жртви се малолетници

Надлежните во Белград предупредуваат дека меѓу младите е популарна нова дрога - темјан. Не станува збор за темјан од црква, туку друг вид, кој се користи за освежување на простории.

Надлежните предупредуваат дека станува збор за опасна супстанца, која може сериозно да го наруши здравјето, пренесува српски Блиц.

На Военомедицинската академија во Белград од почетокот на годината биле примени 26 млади лица поради истата дрога, јавуваат српските медиуми.

-Синоќа на ВМА пристигна и 26-иот пациент кој беше хоспитализиран поради последици од користењето на новите дроги. Станува збор за девојка од Панчево, која била во кома, изјавил за РТС потполковник Д-р. Миодраг Јовановиќ од Националниот центар за контрола на труење на Военомедицинските академија.

Тој појаснил дека она што се нарекува „растителен темјан" нема врска со вистинскиот темјан што се користи во црквите.

-Тоа е колоквијален назив кој е погрешен, а се работи за мешавина од различни треви што порано се користеле за изработка на миризливи стапчиња, но сега се прскани со средства што на организмот делуваат слично како канабис, но многу посилно, рекол Јовановиќ.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега