Познатиот српски водител ќе добие 10 години затвор!

Обвинителството бара од полицијата уште еднаш да го распраша брачниот пар и да утврди дали Ана Марија Жујовиќ го загубила бебето бидејќи водителот брутално ја претепал.

Владимир Стојановиќ и неговата сопруга Ана Марија Жујиќ која брутално ја претепа пред три недели ќе бидат повторно испитани за да се утврдат околностите под кои таа го загубила бебето.

Обвинителството веќе ја покрена кривичната постапка против Влада, а откако Ана Марија ја изнесе во јавност информацијата дека имала спонтан абортус, побарано е ново сослушување. Обвинителството сака да дознае дали Ана Марија знаела дека е трудна во моментот кога сопругот физички ја нападнал и кога точно го загубила бебето.

Доколку се утврди дека ударите на Станојевиќ влијаеле на тоа Ана Марија да го загуби бебето во четвртата недела на бременоста, тогаш станува збор за потешко кривично дело. За тоа кривично дело е утврдена казна од две до десет години затвор, а доколку биде прогласен за виновен мора да добие казна без условен затвор.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега