Се возел без билет во автобус - контролорите му го скршиле носот!

Контролорите во автобус го претепале Рашко Миличевиќ од Србија кој немал карта а се возел со автобус. Според податоците на српскиот Курир, двајцата контролори кои влегле во автобусот го претепале Рашко кој се возел без билет и при тоа му нанеле скршеница на носот.

- Кога сакав да ја куцнам картата ми покажа дека немам доволно пари. Се појави контролорката која ми рече да излезам, а јас ја замолив да ме пушти за една станица, вели Рашко. Претепаниот Србин додава дека од позадина се појавил уштееден контролор кој го извлекол надвор, го навредувал, а потоа и му го пукнал носот.Потоа дошле полицајци, па го ставиле во автомобилот. 

По настанот Миличевиќ завршил на Ургентен.

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега