Една е мајка: Трудница легнала врз бомба за да си ги спаси децата

Трагедија ја потресе Хрватска, загинаа 37-годишна трудница и  седумгодишно дете. 8-годишното девојче Индира Хоџа, која во саботата била ранета во експлозија на рачна бомба во својата куќа во близина на Осиек, преживеала само благодарение на брзата реакција на хирурзите и сега е добра, иако челичниот шрапнел од рачната бомба М75 и минал низ срцето и застанал кај душникот.

Загинале, меѓутоа, нејзината бремена мајка и нејзиниот седумгодишен брат, јавуваат хрватските медиуми.

- „Малата Индира е добра и состојбата ѝ е стабилна, самостојно дише и ја следиме нејзината состојба. Засега е опасно да се вади шрапнелот, па нема да го чепкаме. Колегите што беа дежурни кога го донеле девојчето завршиле одлична работа“, изјавил за хрватскиот портал 24 sata началникот на Одделот за кардиохирургија во Осиек Рако Угљен.

Според очевидците, неверојатна храброст покажала и нејзината мајка која во третиот месецо од бременоста легнала на бомбата за да ги спаси своите деца. 

Полицијата го истражува случајот и трага по непознатиот сторител.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега