Груевски: Уцените на Заев ги пријавив во надлежните институции, по што следуваа ПИМ мерки

Премиерот Никола Груевски пред јавноста посочи дека откако ги добил уцените од Зоран Заев, тој тоа го пријавил до надлежните институции.

Груевски истакна дека пред Заев да побара средба со него, лидерот на СДСМ веќе прераскажувал и дак материјали на повеќе луѓе.

-Пред воопшто да побара средба со мене, Зоран Заев својата намера ја соопшти на најмалку 200 до 300 луѓе, главно негови познаници, сопартијци, коалициони партнери,одредени блиски до него новинари. Истите тие, интересната информација ја прераскажуваа на нивните позници, блиски, сопртијци, соработници итн. Така, во период од неколку недели голем број луѓе нашироко прераскажуваа што се планира, па таквите информации допреа и до мене од поголем број страни, главно мои познаници, пријатели, сопартијци, подржувачи и слично. Така што кога Заев побара средба со мене, јас веќе претпоставував зошто ја бара, односно знаев дека ќе следува закана и уцена од најдолен вид, истакна премиерот Груевски.

Тој потенцира дека тоа уредно го пријавил во надлежните институции, по што обвинителството издаде наредба за т.н. ПИМ мерки, во кои влегувало снимање на разговорот, а потоа и останатите разговори на средбите со Зоран Заев.

-Информациите по допрен глас се потврдија уште на првата средба, кога Зоран Заев отворено и недвосмислено ме информираше дека странска разузнавачка служба го снабдила со поголем број снимени телефонски разговори од целиот државен врв по што уследи барањето за формирање техничка влада. На ова, сите сте сведоци, претходеа низа јавни закани за тоа како ние за 3 дена ќе си заминеме, како ќе бидеме принудени на техничка влада и слично, истакна Груевски.

На денешната прес-конференција тој уште еднап потврди дека нема да прифати техничка Влада.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа