Груевски: Државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем

Премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција објаснувајќи дали безбедносниот систем е под сериозна закана и е провален, рече дека државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем.

-Како и во секоја друга земја обиди за такво нешто постоеле и ќе постојат, и сите земји се соочуваат со тоа и работат на превенирање. Државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем и најдобар одговор на ваквиот вид обиди е токму оваа реакција на институциите и покренување на процесните дејствија за расчистување и расветлување  на околностите поврзани со овој случај, истакна тој.

И во Германија па дури и во Америка, наласи Груевски,  имаше ваков пробив на безбедносниот систем, но како што посочи во Македонија се реагирало соодветно и дека е многу важан фактот што лицата кои тоа го направиле се веќе фатени.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега